Десетте парадоксални заповеди од д-р Кент М. Кит

Луѓето се непресметливи, неразумни и мислат само на себе.
И покрај тоа - сакај ги.

Ако сториш добро, луѓето ќе помислат, дека тоа го правиш заради сопствени интереси.
И покрај тоа - прави добро.

Ако си успешен, ќе си создадеш лажни пријатели и вистински непријатели.
И покрај тоа – биди успешен.

Ако денес сториш добро, тоа веќе утре ќе биде заборавено.
И покрај тоа – прави добро.

Отвореноста и искреноста Те прават повредлив.
И покрај тоа – биди отворен и искрен.

Најголемите планови на најголемите луѓе можат да бидат уништени од најмалите луѓе и од луѓе со најмалку памет.
И покрај тоа - создавај големи планови.

Луѓето симпатизираат со губитници, но ги следат само победниците.
И покрај тоа – бори се за губитниците.

Нештата, кои си ги градел со години, можат преку ноќ да бидат уништени.
И покрај тоа – продолжи да градиш.

На некои луѓе им е итно потребна Твојата помош, а Те напаѓаат штом ќе ја добијат од тебе.
И покрај тоа - помагај им.

Давај му го на светот најдоброто од себе, а за возврат ќе добиеш неблагодарност.
И покрај тоа - давај му го на светот најдоброто од себе.


Vielen Dank für diese Übersetzung an:
Übersetzungsdienst Hoffmann